24фудбал

Пандев и Џенова добија „петка“ од последната Пескара (ВИДЕО)

Тежок дебакл на Џенова на гостувањето кај последнопласираната Пескара, пораз од неверојатни 5-0, Горан Пандев одигра 60 минути на овој меч.

Италија

Џенова е во лоша форма во која се вклопува и македонскиот напаѓач Горан Пандев, но дното беше достигнато денес кога загубија на гостувањето кај Пескара со 5-0.

Катастрофата започна уште во 5. минута кога Орбан си постигна автогол, веќе во 19. минута Пескара преку Капрари зголеми на 2-0.

Горан Пандев натпреварот го почна од клупа, но во игра влезе уште во 30. минута од натпреварот и не успеа да му помогне на својот тим да се спаси од пораз.

Напротив до крајот на мечот Бенали, Капрари и Чери постигнаа по еден гол за победа на Пескара од неверојатни 5-0.

Наполи со 3-1 победи на гостувањето кај Киево, стрелци за Наполитанците беа Инсиње, Хамшик и Зиелински.

Сампдорија и Каљари одиграа нерешено 1-1, Сасуоло со 2-1 победи на гостувањето кај Удинезе.