24фудбал

За првенецот во Серија А, Габигол ќе го почасти целиот тим со вечера

Тренерот на „Нероаѕурите“, Стефано Пиоли открива дека Габриел Барбоса ќе го изнесе целиот тим на бразилска вечера по својот деби гол во Италија

Италија

20 годишниот Габигол се пресели на Џузепе Меаца на крајот од август во трансфер вреден околу 30 милиони евра.

Тој во Интер пристигна како големо засилување, но ниту Де Бур ниту пак Пиоли не сметаа на него премногу.

Во Серија А, Габриел Барбоса до денеска имаше шест настапи од клупата и околу еден час поминато на теренот.

Попладнево на дуелот со Болоња одново беше резерва и доби шанса во завршните 15 минути.

Тој одлично ја искористи укажаната прилика и постигна гол вреден три бода.

„Среќен сум за Габигол – рече Стефано Пиоли по крајот на средбата. „На почетокот тешко се прилагодуваше, но работеше напорно и денеска е награден.

„Во соблекувалната ветил дека сите ќе ги почасти бразилска вечера кога ќе го постигне првиот гол!”