24фудбал

Мхитарјан погоди па се повреди (ВИДЕО)

Хенрих Мхитарјан го донесе Манчестер јунајтед во водство од 0-1 на гостувањето кај Сент Етјен, но неколку минути подоцна го напушти теренот поради повреда

Лига Европа

Лоши вести за „Црвените Ѓаволи“, репрезентативецот на Ерменија мораше предвреме да го заврши денешниот реванш со Сент Етјен во Лига Европа.

И покрај тоа што Манчестер јунајтед има сигурна предност од 3-0 од првиот натпревар, Жозе Мурињо попладнево испрати силен состав на теренот.

Квалитетот на клубот од Олд Трафорд уште еднаш дојде до израз и Хенрих Мхитарјан погоди за 0-1.

Сепак, плејмејкерот неколку минути подоцна мораше да го напушти теренот откако се пожали на повреда на задната ложа на десната нога.

Фановите и Жозе Мурињо сега нервозно ќе ги чекаат резултатите од деталните тестови, но се очекува Ерменецот да го пропушти финалето од Лига Купот против Саутемптон во недела.