24фудбал

Раниери: Тие се многу квалитетен и искусен тим, но ние имаме големо срце

Клаудио Раниери е задоволен од резултатот во Севиља и покрај поразот од 2-1 и се надева дека во реваншот може да го победат поквалитетниот противник.

Лига на Шампиони

Лестер може да биде среќен што загуби само со 2-1 на гостувањето кај Севиља, резултатот е добар за англискиот тим и дава надеж за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

„Пораз е, но видете, првото полувреме беше многу тешко. Шмајхел го одржа тимот во живот. Полека, полека станувавме подобри. Вториот дел беше многу подобар и верувавме дека можеме да направиме нешто“ - вели Раниери.

„Кога го игравме нашиот фудбал и бевме во добар момент, тие го постигнаа вториот гол, но не се предадовме. Се вративме и постигнавме гол. Тоа ни дава надеж за реванш натпреварот“.

„Севиља е многу квалитетен тим со големо искуство, но ние имаме големо срце. Се боревме и си помагавме еден на друг. Мислам дека го заслуживме голот“.

„Се разбира дека кога играме со карактер, среќата може да биде на наша страна. Треба да продолжиме вака. Ова може да биде пресвртна точка, но сега важно е да имаме уште еден добар меч против Ливерпул“.