24фудбал

Уште еден поранешен тренер на Челси би можел да го преземе кормилото на Лестер

Лестер е во потрага по наследник на Клаудио Раниери, последните шпекулации велат дека раководството повторно сака поранешен тренер на Челси да седне на клупата.

Англија

Клаудио Раниери кој со освојувањето на Премиерлигата вечно ќе биде запишан во историјата на Лестер, е и поранешен менаџер на Челси.

Раководството на Лестер сака уште еден поранешен предводник на Челси да седне не клупата на нивниот тим.

Станува збот за Гус Хидинк, но информациите велат дека тој е заинтересиран само за привремена работа, да го води тимот до крајот на оваа сезона, но не и следната.

Главните преговори помеѓу двете страни се очекува да се случат по завршувањето на вечерашниот меч помеѓу Лестер и Ливерпул.

Лестер има проблем да најде соодветна замена за Раниери. Манчини не може да биде тренер затоа што учествува на шоуто „Танцот со ѕвездите“, а добија „корпа“ и од Мартин Онил.