24фудбал

Де Брујне: Барав тренинг отворен за јавноста за сите да видат дека Мурињо не ја кажува вистината

Кевин Де Брујне открива дека побарал тренинг сесиите на Челси да бидат отворени за јавноста за сите да видат дека немало вистина во критиките кои ги добивал од Жозе Мурињо

Англија

Белгијанецот никогаш не доби вистинска шанса да покаже што умее на Стемфорд Бриџ, шест месечната соработка со Жозе Мурињо беше катастрофална, па Челси го продаде Кевин Де Брујне во Волфзбург.

И покрај тоа што пред почетокот на сезоната 2013/14 „Специјалниот“ му вети на Кевин Де Брујне дека ќе смета на неговите услуги, играчот забележа само три настапи во Премиерлигата.

Жозе Мурињо јавно го критикуваше Кевин Де Брујне дека не се залага доволно на тренинзите, па играчот во јануари 2014 го напушти клубот.

Белгијанецот, кој сега блеска во Премиерлигата во дресот на Манчестер Сити, вели дека немало вистина во ваквите обвинувања.

„Вистина е дека Мурињо го кажа тоа, дека јас не се залагам доволно на тренинзите – вели Де Брујне.

„Лесно му беше да го каже тоа бидејќи никој не можеше да провери. Тренинг сесиите беа затворени за јавноста. Но сите знаат дека не сум таков играч.

„Но тогаш не можев ништо да сторам, ако кажев нешто тој ќе ме обвинеше дека лажам и ќе го искористеше тоа против мене.

„Да, побарав тренинзите да бидат отворени за јаноста, но не му го кажав тоа лично на Мурињо.