24фудбал

Бонучи: Дајте ни ја Барселона

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи ја сака Барселона за следен противник во Лигата на шампионите, вели дека таа ќе биде голема мотивација за нив.

Лига на Шампиони

Јувентус немаше проблеми со Порто, лесно го помина осминафиналето и во петок ќе ја чека ждрепката за следниот противник.

„Дојдовме до осумте најдобри во Европа, сега на нас е да напредуваме. Најмногу ме возбудува Барселона, тие направија голем камбек и ќе бидат голема мотивација за нас, да го победиме тимот од кој бевме поразени пред две години во финалето“ - вели Бонучи.

„По натпреварот со ПСЖ тие се тим во најдобра форма“.

„Доколку треба да одберам тим кој сакам да го избегнеме, тоа е Баерн Минхен. Тие се комплетен тим, Анчелоти најде нов начин на игра, но тие секогаш се победници. Силни се, со нив се може да се случи во еден натпревар, но во два тешко е да се поминат“.