24фудбал

Пандев: Во фудбалот веќе нема апсолутни фаворити, ќе дадеме се од себе да победиме

Горан Пандев смета дека победа против Лихтенштајн може да донесе пресврт во настапот во квалификациите, но знае дека нема да биде лесно.

Македонија

Горан Пандев не ја прифаќа улогата на фаворит, бидејќи во минатото Македонија знаела да киксне токму против најмалите.

„На изминатите четири натпревари одигравме добро, но не освоивме ниту еден бод. Мечот против Лихтенштајн го гледаме како можност за пресвртница во квалификациите. Во денешниот фудбал нема апсолутни фаворити и само ако го дадеме максимумот ќе можеме да победиме. Не треба да се гледаме како фаворити, бидејќи од искуство, скоро секогаш кога сме биле фаворити сме потфрлиле. Мислам дека ќе има голема борба и ќе победиме“ - вели Пандев.

Натпреварот се игра утре со почеток од 20:45 часот.