24фудбал

Бразил го „растури“ Уругвај на негов терен, Аргентина му се одмазди на Чиле (ВИДЕО)

Бразил со 4-1 победи на гостувањето кај Уругвај, Паулињо блесна со хет-трик, Аргентина направи мала одмазда кон Чиле победувајќи го со 1-0.

Јужна Америка

Натпреварот почна одлично за Уругвај, домаќините поведоа со гол на Кавани од пенал уште во деветата минута, но потоа на сцена настапи Бразил.

Само десет минути подоцна, Паулињо постигна фантастичен гол од далечина и го изедначи резултатот на 1-1. 

По шест минути игра во второто полувреме нов гол на Паулињо, Бразил прави пресврт и поведува со 2-1 во Уругвај.

Во 74. минута од мечот Нејмар со прекрасен лоб удар зголемува и на 3-1, а во судиското продолжение од натпреварот Паулињо го комплетира својот хет-трик и ги поставува конечните 4-1 за Бразил.


Аргентина не го памети по добро Чиле, од нив го загубија финалниот меч на Копа Америка минатото лето, па синоќешната победа од 1-0 беше мала одмазда за тоа.

Тогаш Меси промаши пенал, но овој пат беше сигурен од белата точка. Гол во 16. минута кој беше единствен на мечот.


Во другите натпревари Парагвај го победи Еквадор со 2-1, Венецуела и Перу одиграа 2-2