24фудбал

„Знам што се случи тој ден и јас играв“ – Роналдо и Роналдињо дебатираат чиј гол е поубав (ВИДЕО)

Големите фудбалски имиња, Роналдо и Роналдињо не можеа да се договорат чиј гол е поубав, соло пробивот на „Феноменот“ против Компостела или магијата на „Дињо“ на Бернабеу

Шпанија

Легендите на бразилскиот и светскиот фудбал во гостување на ТВ Глобо беа запрашани да кажат кој гол е подобар.

Како опции беа дадени соло пробивот на Роналдо против Компостела и магијата на Роналдињо на Сантијаго Бернабеу.

Роналдо го одбра својот гол, и објасни: „Тој е мојот омилен гол, голот на мојата кариера“.


Роналдињо исто така го одбра својот гол, за кој дури доби аплаузи и од публиката на Бернабеу: „Каде и да одам луѓето ме прашуваат за тој погодок“.

На ова Роналдо додаде: „Знам што се случи тој ден, и јас играв...“.