24фудбал

Експлозија во близина на автобусот на Борусија Дортмунд, Бартра е повреден

Натпреварот помеѓу Борусија Дортмунд и Монако може да биде одложен поради експлозија во близина на автобусот на домашниот тим во која е повреден дефанзивецот Марк Бартра.

Лига на Шампиони

Непријатни вести од Германија, експлозија пред автобусот на Борусија Дортмунд пред да пристигне на стадионот.

„Имаше инцидент пред пристигнувањето на нашиот автобус. Една личност е повредена. Фудбалерите се безбедни. Нема опасност на стадионот. Ќе следат дополнителни информации“ - стои во соопштението на Дортмунд.

Германските медиуми пишуваат дека повреденото лице е дефанзивецот Марк Бартра кој веднаш е префрлен во болница.

Се стравува дека се работи за таргетиран напад и натпреварот може да биде одложен