24фудбал

Одложен мечот помеѓу Борусија Дортмунд и Монако

Натпреварот помеѓу Борусија Дортмунд и Монако е одложен за утре поради експлозијата која се случи во близина на автобусот на домашниот тим.

Лига на Шампиони

Првиот четвртфинален натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и Монако е одложен за утре (среда) со почеток од 18:45.

Ваквата одлука следи по експлозјата која се случи во близина на автобусот на Борусија Дортмунд во која е повреден и Марк Бартра.

Информациите велат дека не станува за сериозна повреда, само помали исекотини од скршените прозорци на автобусот.