24фудбал

Марк Бартра се огласи по вчершниот напад врз автобусот на Борусија Дортмунд

Дефанзивецот на „Милионерите“, Марка Бартра се огласи по вчерашниот напад врз автобусот на Борусија Дортмунд, Шпанецот вели дека се чуствува подобро и се заблагодари за поддршката

Лига на Шампиони

Автобусот на Борусија Дортмунд вчера беше мета на три експлозии на пат од хотелот до Сигнал Идуна Парк за дуелот со Монако во Лигата на Шампионите.

Марк Бартра е единствениот играч кој заработи повреда, дефанзивецот има фрактура на зглобот и исекотини на раката, и вчера вечерта беше опериран.

Шпанецот попладнево се огласи на социјалните мрежи и се заблагодари за поддршката која ја добил.

„Здраво на сите! Како што можете да видите, се чуствувам многу подобро! – напиша Марк Бартра на Инстаграм.

„Ви благодарам на сите за пораките и поддршката!