24фудбал

Емотивна порака од Марк Бартра: Најдолгите и најтешките 15 минути од мојот живот...

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марк Бартра испрати емотивна порака на социјалните мрежи по нападот врз автобусот на „Милионерите“

Германија

Шпанецот беше единствениот играч кој заработи повреда во вторникот кога автобусот на Борусија Дортмунд беше мета на три експлозии.

Дефанзивецот заработи фрактура на зглобот и исекотина на раката, веднаш беше опериран и се прогнозира дека ќе биде надвор од стројот четири недели.

Марк Бартра денеска одново се огласи на социјалните мрежи и испрати емотивна порака на Инстаграм.

„Денеска, во болница, ме посетија личностите кои ме прават најсреќен (неговата сопруга и дете). Тие ми даваат се, тие се причината поради која ги надминувам сите пречки – напиша играчот на Борусија Дортмунд.

„И ова е најтешката во мојот живот, искуство кое не би сакал никој во светот да го искуси.

„Болката, паниката, несигурноста поради тоа што не знаете што се случува или колку долго ќе трае... тоа беа најдолгите и најтешките 15 минути од животот.

„Како одминува времето, шокот е се помал и настаните ми ја зголемуваат желбата да живеам, да се борам, да работам, да се смеам, да плачам, да чуствувам, да љубам, да верувам, да играм, да тренирам, да продолжам да уживам заедно со пријателите и семејството, да ја помирисам тревата како што тоа го правам пред секој натпревар.

„Да ги видам трибините полни со луге кои ја обожаваат нашата професија, добри луѓе кои само сакаат да не исполнат со емоции за да го заборавиме овој луд свет во кој живееме.

„Барам само една работа, ЕДНА РАБОТА, а тоа е СИТЕ да живееме во мир и да ги заборавиме војните.

„Кога ќе го погледнам мојот зглоб, целиот потечен и тешко повреден, дали знаете што чуствувам? Гордост. Го гледам гордо и си велам дека целата штета што сакаа да ни ја нанесат во вторникот остана само со ова.

„Сакам да им се заблагодарам на докторите, сестрите, физиотерапевтите и луѓето кои ми помагаат да се опоравам. На сите луѓе, медиуми, организации, Борусија Дортмунд, колегите и фановите кои ми дадоа голема поддршка. Ми дадоа сила да продолжам.

„Морав да го напишам ова за да симнам еден товар од сцето и да можам да се посветам само на тоа како да се вратам на терените што поскоро! Голем поздрав со до сите!