24фудбал

Алегри: Не примивме гол од Барселона во два натпревари, но можеме и подобро

Тренерот на Јувентус, Масимо Алегри е среќен поради прогресот во полуфиналето на Лигата на шампионите и елиминацијата на Барселона, но смета дека неговите фудбалери можат и уште подобро.

Лига на Шампиони

Јувентус не и даде на Барселона можност ниту да креира сериозна шанса пред голот на Буфон, одигра уште еден одличен меч и сосема заслужено го елиминира големиот противник.

„Комплименти за момците за се што прават оваа сезона. Ова е чекор напред, заслужено поминавме противник од највисоко ниво“ - вели Алегри.

„Одигравме одлично во дефанзивата, имавме неколку шанси во нападот но не го искористивме. Барселона не успеа да даде ниту еден гол во двата натпревари. Но момците знаат дека можат и уште подобро, полека напредуваме“.

„Од утре се фокусираме на Серија А. Прослава? Па... ова е одлучувачки момент на сезоната, овие фудбалери имаат чувство за професионализам. Она што ми се допаѓа е дека не треба да им кажам ништо, знаат тие како треба да се однесуваат“.