24фудбал

Субашиќ: Мбапе е неверојатен, мајка му се уште го носи на тренинг

Напаѓачот на Монако, Килијан Мбапе е хит оваа сезона, се промовираше во еден од најголемите таленти во последниве години и се наоѓа на врвот од листата на желби кај фудбалските гиганти.

Франција

Младиот француски фудбалер игра во фантастична форма и е еден од најзаслужните за одличната сезона на Монако.

„Не е чудно што лудуваат по него. Даде голови на сите натпревари од нокаут фазата против Сити и Борусија. Навистина е чудо, игра одлично, а има само 18 години“ - вели голманот на Монако, Даниел Субашиќ.

„Не е умислен. Сите зборуваат за стотини милиони евра кои го чекаат во иднина, а него на тренинг се уште го вози мајка му или клупски возач. Тоа најдобро сведочи колку тој и понатаму е цврсто на земјата. Може уште многу подобро, верувајте ми. Секој ден на тренинзите го гледам. Пред него е голема кариера“.