24фудбал

Интер со 55 милиони и ултиматум за Симеоне и Конте

Медиумите од Италија пренесуваат дека Интер им понудил 55 милиони евра на Диего Симеоне и Антонио Конте но бара одговор во рок од 20 дена

Италија

По серијата лоши резултати на „Нероаѕурите“, се појасно е дека Стефано Пиоли нема да остане на кормилото на клубот по крајот на сезоната.

Па Интер работи на ангажман на нов тренер, а први желби се Диего Симеоне и Антонио Конте.

Денешното издание на Газета дело Спорт, вели дека Интер на двајцата стратези им понудил пет годишен договор вреден 55 милиони евра.

Но „Нероаѕурите“ истовремено поставиле и ултиматум, и побарале да пристигне одговор во следните 20 дена.

Интер на овој начин сака да се обезбеди доволно време за пронаоѓање алтернатива доколку нивните топ две цели одговорат негативно.

Весникот додава дека на листата со желби уште се наоѓаат и Лучано Спалети, Хорхе Сампаоли и Леонардо Жардим.