24фудбал

Њукасл експресно се врати во Премиерлигата

Њукасл одново ќе настапува во најсилното првенство на Англија, клубот од Сент Џејмс Парк по една година помината во Чемпионшип се враќа во елитата

Англија

Рафа Бентиез успеа експресно да го врати Њукасл во Премиерлигата, популарните „чавки“ вечерва славеа со 4-1 во дуелот со Престон и на две кола пред крајот си обезбедија промоција во најсилното првенство на Англија.

Њукасл можеби не одигра брилијантна сезона, но работата е завршена, клубот од Сент Џејмс Парк одново ќе биде дел од елитата.

Слична беше ситуацијата и вечерва, Њукасл на пауза можеби замина со предност од 2-1, но Престон во првиот дел беше рамноправен противник, а на моменти и подобар.

Гостите му креираа проблеми на противникот се додека Галагер не доби црвен картон за намерно играње се рака во 64. минута.

Со голот на Ричи од пенал и вториот погодок на Перез, Њукасл потоа ги реши сите дилеми за големо славје и промоција во Премиерлигата.