24фудбал

Бејл ќе паузира нови три недели, Зидан одбива да признае дека пребрзо го вратил Велашнецот на терените

Лоши вести за Реал Мадрид, Герет Бејл ќе биде надвор од стројот три недели по новата повреда која ја заработи на дуелот со Барселона во неделата

Шпанија

Зинедин Зидан реши Велшанецот да биде стартер на „Ел Класико“ и покрај тоа што играчот претходно се мачеше со повреда и одработи само два тренинга пред дербито.

Герет Бејл на теренот издржа 35 минути, и сега ќе паузира нови три недели.

Тој нема да биде во комбинација за полуфиналето од Лигата на Шампионите, како и на дуелите со Депортиво, Валенсија, Гранада и Севиља во Примера.

Зинедин Зидан одби да превзеде одговорнос за новата повреда на Герет Бејл и вели дека не избрзал со враќањето на играчот во тимот.

„Вакви работи се случуваат, но тој беше 100% фит – вели Французинот. „Ми кажа дека е спремен за настап и јас им верувам на моите играчи.

„Немаше никаков проблем на двете тренинг сесии, како и на загревањето пред натпреварот.