24фудбал

Николов: Нема опуштање, одиме на победа против Работнички

Од Вардар најавуваат победнички настапи до самиот крај на домашниот фудбалски шампионат и покрај тоа што веќе ја освоија титулата.

Македонија

На четири кола до крајот на сезоната од домашниот прволигашки шампионат, Вардар ја одбрани титулата.

Следен предизвик за избраниците на Гоце Седлоски е градското дерби против Работнички, каде „црвено-црните“ ќе бидат гости.

Фудбалерот на македонскиот шампион, Бобан Николов за дуелот со „Романтичарите“ најави дека неговиот тим оди на трите бодови и на овој натпревар.

„И покрај тоа што ја имаме обезбедено титулата и првото место, сепак, посакуваме што повеќе победи во оваа сезона, и во финишот на оваа сезона одиме победнички се до крајот на шампионатот. Во градското дерби сакаме да бидеме победници, и затоа ќе одиме на трите бода. Немам ништо против кога повторно би бил јас стрелец, но најважно ќе биде да победи Вардар. Треба сите да дадеме максимум за да дојдеме до посакуваниот резултат“ - изјави Николов за официјалниот клупски сајт на Вардар.

Дуелот меѓу Работнички и Вардар се игра в недела со почеток од 16 часот и 30 минути.

Фото: ФК Вардар