24фудбал

Сандро „ја потопи“ својата Барса па сега ќе се искупува: Со гол против Реал ќе ја донесам титулата на Камп Ноу (ВИДЕО)

Поранешниот играч на „Каталонците“, Сандро Рамирез се надева дека ќе посигне гол против Реал Мадрид и ќе помогне Барса да стигне до титулата

Шпанија

Сандро Рамирез е продукт на младинската школа на Барселона, но откако не успеа да се наметне во првиот тим на „Каталонците“, во 2016 се пресели во Малага.

Минатиот месец тој „ја потопи“ својата Барса, откако стрелаше прецизно во победата од 2-0.

Овој натпревар сега може да се покаже како клучен во трката за титулата, со оглед на тоа дека „Каталонците“ заостануваат три бода зад лутиот ривал Реал Мадрид.

Малага игра токму со Реал Мадрид во последното коло, па Сандро Рамирез се надева дека ќе се искупи со гол и победа која ќе ја донесе титулата на Барса.

„Се надевам дека ќе постигнам гол и на Барса ќе и ја донесам титилата – вели Сандро.

„Се надевам дека тоа ќе биде ден од соништата.

„На Барса и должам сè, се надевам дека ќе успеам во намерата.