24фудбал

Се појави новиот дрес на Интер, фановите револтирани: Тоа е баркод! (ФОТО)

Новиот дрес на Интер за прв пат во историјата на тимот ќе биде со асиметрични линии, сини и црни ленти кои не се со иста димензија, а тоа ги разбранува навивачите на овој тим.

Италија

Дресот на Интер за следната сезона денеска ја има својата презентација, а новиот дизајн не им се допадна на најголемиот дел од фановите на тимот.

Различноста е во тоа што црните ленти на сината позадина не се симетрични како и досега, тие се во различни димензии, па дел од фановите дресот го нарекоа „баркод“.