24фудбал

Мурињо: Во фудбалот има многу поети, но тие не освојуваат титули

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо застана во одбрана на својата тактика против Ајакс, и вели дека одиграле точно како што требало за да го неутрализираат противникот

Лига на Шампиони

„Црвените Ѓаволи“ со 2-0 славеа над Ајакс во Стокхолм за прва титулата во Лига Европа, и што е поважно, пласман во Лигата на шампионите.

Манчестер јунајтед свесно му ја препушти топката на противникот и со цврста игра во одбана го неутрализираше Ајакс.

Клубот од Холандија, имаше дури 69% посед на топка наспроти 31% на Манчестер јунајтед, како и 17 шутеви на гол, но само три од нив беа во рамките и ниту еднаш посериозно не го ставија на мака Ромеро.

„Во фудбалот има многу поети, но тие не освојуваат титули – рече Жозе Мурињо по крајот на натпреварот.

„Знаевме каде беа подобри од нас, и каде ние бевме подобри од нив.

„Се oбидовме да ги „убиеме“ нивните добри квалитети и да ги искористиме нивните слабости.

„Го сторивме тоа одлично уште од првата минута, и сосема заслужено го освоивме овој трофеј.