24фудбал

Како Мурињо го врбуваше синот на Патрик Клајверт (ВИДЕО)

Џастин Клајверт, синот на холандската ѕвезда Патрик, игра за Ајакс и важи за голем фудбалски талент, наследник на татко му. По крајот на мечот Мурињо имаше посебен разговор со него.

Англија

По завршувањето на финалниот натпревар од Лига Европа помеѓу Манчестер јунајтед и Ајакс, Мурињо отиде кај 18-годишниот Џастин Клајверт и имаше мал разговор со него.

Во медиумите се појави видео, холандскиот „Воетбал Инсајд“ тврди дека ја открил конверзацијата помеѓу Мурињо и Клајверт иако усната на Португалецот не се гледа во поголем дел од разговорот.

Без разлика колку од разговорот е точно откриен, од видеото јасно може да се види интересот на Мурињо за холандскиот фудбалер.


Џастин Клајверт овој месец наполни 18 години, оваа сезона дебитираше во првиот тим на Ајакс, игра како офанзивен крилен играч и важи за голем талент.