24фудбал

Мурињо со порака до Реал: За Де Геа 75 милиони евра во кеш, или 25 милиони плус Мората

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо ги одредил условите под кои Давид де Геа би можел да се пресели на Сантијаго Бернабеу

Шпанија

Често се говори дека Шпанецот летоска ќе го напушти Олд Трафорд и ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

Давид Де Геа подолго време е на радарот на „Кралевите“ и новиот шампион на Шпанија верува дека ова лето може да дојде до неговиот потпис.

И покрај тоа што голманот е еден од најдобрите играчи на Манчестер јунајтед, Марка пренесува дека Жозе Мурињо ќе даде зелено светло за продажба.

Но Давид Де Геа нема ефтино да биде продаден.

„Специјалниот“ бара рекордни 75 милиони евра за еден голман, за да се раздели со репрезентативецот на „Црвената Фурија“.

Жозе Мурињо е подготвен да се задоволи и со помала сума доколку Реал Мадрид во зделката вметне некој фудбалер.

Марка додава дека втора опција е понуда од 25 милиони евра плус Алваро Мората.