24фудбал

„Кога те бара Гвардиола не можеш да кажеш НЕ” – Бернардо Сила е нов играч на Сити

„Граѓаните“ официјално го потврдија трансферот на Бернардо Силва од Монако вреден околу 43 милиони фунти

Англија

Пеп Гвардиола го доби првото засилување, на Етихад пристигнува 22 годишниот Бернардо Силва.

Португалецот имаше одлична сезона во Монако, го привлече вниманието на голем број клубови, но на крајот битката ја доби Манчестер Сити.

„Манчестер Сити е задоволен што може да соопшти дека Бернардо Силва од 1. јули е наш играч – гласеше известувањето на „Граѓаните“.

За авантурата во Манчестер Сити, играчот рече: „Се чуствувам одлично. Потпишав за еден од најдобрите клубови во светот.

„Кога имате можност да тренирате под водство на Пеп Гвардиола, не можете да кажете НЕ.

„Ако не е најдобар, тој е еден од најдобрите тренери.

Детали од зделката не се откриваат, според пишувањата на медиумите, Манчестер Сити ќе плати околу 50 милиони евра (43 милиони фунти), но трансферот може да порасне до 80 милиони евра преку најразлични клаузули.