24фудбал

Венгер останува во Арсенал без разлика дали ќе го освои ФА Купот

„Мирор“ пишува дека Арсен Венгер ќе потпише нов две годишен договор со Арсенал без разлика на исходот од денешното финале од ФА Купот против Челси.

Англија

Актуелниот договор на Арсен Венгер со Арсенал истекува со завршувањето на оваа сезона. Голем дел од фановите на клубот бараа тренерска смена, но информациите од Англија велат дека тоа нема да се случи.

Мирор пишува дека на почетокот од следната недела Арсенал ќе објави дека го продолжува договорот со Венгер на уште две години.

Францускиот стратег за прв пат како тренер не успеа да го однесе Арсенал во Лигата на шампионите, тимот финишираше на петтото место во Премиерлигата.

Денеска се игра финалето од ФА Купот против Челси, Венгер посакува да го освои трофејот и да успее барем малку да ја врати довербата кај фановите.

Натпреварот помеѓу Арсенал и Челси започнува од 18:30 часот.