24фудбал

Раниери седнува на „жешкото столче“ на славниот англиски клуб?

Лидс не се пласира во баражот за влез во Премиерлигата, остана без Гери Монк, кој реши да се повлече и да го преземе кормилото на Мидлзбро, притоа познати се потенцијалните кандидати за тренерското место.

Англија

Според информациите кои пристигаат од Островот, се вели дека италијанскиот фудбалски стратег Клаудио Раниери е еден од најсериозните кандидати да го презеде кормилото во славниот англиски клуб Лидс јунајтед.

Раниери се чини дека добива нова можност за чудо во Англија, откако со Лестер направи вистинска сензација освојувајќи ја титулата во Премиерлигата ланската сезона, но доби отказ од клубот поради лошите изданија сезонава, при што се шпекулираше дека дел од главните ѕвезди на тимот му го свртеле грбот и намерно пружале лоши партии.

Како потенцијален нов тренер во Лидс се споменува и Шпанецот Аитор Каранка, поранешниот асистент на Жозе Мурињо кој исто како Италијанецот во моментов е без ангажман.

Каранка остана без ангажман по отказот кој го доби од Мидлзбро, кој по една сезона мината во најсилниот ранг во Англија, се враќа во Чемпионшип дивизијата за следната сезона.