24фудбал

Кој ќе ја носи „деветката“ во Милан, во игра се три опции

Новите сопственици на Милан се подготвени да инвестираат голема сума на пари во нов напаѓач од светска класа, на листата со желби има три звучни имиња

Италија

Првата опција е секако Алваро Мората, за кого се вели дека е најблиску до договор со Милан. Стратегот од клупата на тимот од Милано, Винченцо Монтела наводно бара одличен техничар во нападот, кој би можел да игра и зад напаѓачите, се чини дека Алваро Мората ги поседува сите квалитети во однос на барањата на Монтела.

Но, за Милан се поизвесно е дека најголем проблем за трансферот на Мората се високите 60, односно 70 милиони евра кои Реал Мадрид ги бара за ослободување на својот фудбалер.

Како што пишува „Калчомеркато“, планот „Б“ за Милан е напаѓачот на Торино, еден од најбараните фудбалери на европскиот трансфер пазар, Андреа Балоти.

За Белоти е познато дека е голем навивач на Милан уште од мали нозе, се шпекулира дека раководството на „Росоњерите“ веќе почнале разговори со Торино околу трансферот на Белоти.

Една од опциите е секако Габонецот од редовите на Борусија Дортмунд, Пјер Обамејанг, кој во својата кариера беше дел и од тимот на Милан, па се поизвесно е дека би можел да се врати во Милано. И во овој случај Милан ќе мора да го одврзе ќесето доколку го посакува Обамејанг во своите редови, „Милионерите“ за него бараат околу 60 милиони евра.

Се поизвесно е дека Милан во новата сезона ќе влезе со големо засилување во нападот, но останува отворено прашање кој од трите наведени ѕвезди ќе го носи дресот со број „9“ идната сезона на овој клуб.

 

Извор/Фото: Калчомеркато