24фудбал

Хуго Лорис ќе остане без сон, Тоивонен од половина терен во 93. минута донесе радост за Шведска (ВИДЕО)

Шведска освои три важни бода откако со 2-1 триумфираше во пресметката против Франција, Тоивонен погоди од половина терен во последните мигови од средбата

СП 2018

Возбудлив натправар со драматичен крај на Френдс Арената во Стокхолм, домаќините се радуваа на победа со гол од половина терен во 93. минута.

Жиру со прекрасен погодок го отвори резултатот во 37. минута, но Шведска изедначи само пет минути подоцна преку Дурмаз.

Во вториот дел, двете репрезентации имаа по неколку добри шанси, но мрежите мируваа.

И кога се чинеше дека средбата ќе заврши без победник, голманот на Франција сам си го искомпликува животот и им подари победа на Швеѓаните.

Хуго Лорис лошо расчисти една вратена топка па Тоивонен од половина терен во 93. минута погоди за 2-1 и огромна радост на Шведска.

На преостанатите два натпревари од Групата А, Белорусија со 2-1 ја совлада Бугарија, а Холандија со 5-0 славеше над Луксембург.