24фудбал

„Роналдо го обожава клубот, фановите и градот” – човекот кој го донесе ЦР7 во Реал сега најавува негово враќање во Манчестер јунајтед

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон не ја отфрла можноста Кристијано Роналдо ова лето одново да го облече дресот на „Црвените Ѓаволи“

Англија

Повеќе извори пренесоа дека Кристијано Роналдо сака да замине од Реал Мадрид ова лето.

Клубовите кои можат да го ангажираат Португалецот се бројат на прсти, и еден од нив е Манчестер јунајтед.

Човекот кој во 2008 го договори трансферот на ЦР7 од Манчестер јунајтед во Реал Мадрид, сега ги подгрева надежите на фановите на клубот од Олд Трафорд.

Рамон Калдерон порачува дека во никој случај не смеа да се отфкри идејата за враќање на Кристијано Роналдо во најтрофејниот клуб од Англија.

„Не верувам дека Реал ќе успее да го предомисли Роналдо – вели поранешниот претседател на „Кралевите“.

„Јас ја имав истата ситуација со Манчестер јунајтед, кога тој сакаше да замине и потпишав со него.

„Тој кажа „сакам да заминам“ и толку, тоа беше се.

„Не можете да сторите ништо, освен да го пуштите да замине и да ја обезбедите најдобрата можна зделка.

„Се надевам дека не одлучил да замине, но доколку веќе решил, ќе биде тешко да се промени ситуацијата.

„Дали би можел да се врати во Манчестер јунајтед? Малку клубови можат да си го дозволат. Не се само парите во прашање, туку и можноста тој да освојува титули и индивидуални награди.

„Тој му е многу благодарен на Манчестер јунајтед за се што клубот стори за него. Го одложи трансферот во Мадрид за една година бидејќи Сер Алекс Фергусон му беше како татко.

„Го обожава клубот, фановите и градот. Па не би отфрлил негово враќње на Олд Трафорд

„Во Реал имаше одредени несогласувања со Жозе Мурињо, но мислам дека тоа нема да биде никаков проблем сега“.

Кристијано Роналдо се пресели на Сантијаго Бернабеу во 2009 откако Флорентино Перез го активираше договорот што Рамон Калдерон го постигна една година претходно за трансфер од тогаш рекордни 80 милиони фунти.