24фудбал

Два клуба имаат подготвено понуда за Роналдо, Милан нуди мега-голманско решение, за возврат го бара Португалецот

Нови информации околу наводното заминување на Кристиано Роналдо од редовите на Реал Мадрид, во трката за неговиот потпис се вклучи Баерн Минхен, но и Милан кој има мошне „интересна“ понуда.

Шпанија

Засега два клуба се наводно во трка за потписот на Роналдо, тоа се Манчестер јунајтед и Париз Сент Жермен, ова се воедно и речиси единствените клубови кои во моментов финансиски можат да си дозволат таков финансиски „луксуз“ да во своите редови ја доведат португалската ѕвезда.

Се поизвесно е враќањето на Роналдо во тимот од „Олд Трафорд“, информациите кои пристигаат од Островот велат дека Жозе Мурињо дал посебен акцент во реализацијата на овој трансфер, наводно Манчестер јунајтед е подготвен да издвои 200 милиони евра, но притоа истовремено го посакува и Алваро Мората, во пакетот го нуди голманот Де Геа, за кого интерес постои токму од Реал Мадрид.

Се чини дека понудата која ја нуди европскиот првак е најпристојна, во однос на оваа тема тука е вклучен и ПСЖ, францускиот вицепрвак има средства да го реализира овој трансфер, но останува дилемата околу желбите и аспирациите на Роналдо.

„Дејли Меил“ во текот на вчерашниот ден пренесе дека агентот на Роналдо, Хорхе Мендеш имал неколкучасовна средба со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, во која тема на разговорот била токму оваа трансфер-цел на тимот од Париз, со што делумно, се почнати преговорите, на некој начин.

Наводно, ПСЖ е подготвен да издвои 140 милиони евра како понуда до Реал Мадрид, додека пак за Кристиано Роналдо е подготвена годишна плата од фантастични 30 милиони евра.

Баерн Минхен се вклучува во трката...

Уште една можна варијанта околу иднината на Кристиано Роналдо е германскиот шампион Баерн Минхен, барем според последните информации кои пристигнуваат.

„Газета дело Спорт“ на оваа тема пишува дека италијанскиот стратег од редовите на бундеслигашот од Минхен, Карло Анчелои и Роналдо никогаш не ја криеле фантастичната соработка меѓу нив.

Милан нуди голманско решение за долг период за Реал Мадрид, за возврат го посакува Роналдо

Доколку им се верува на италијанските медиуми, во тој случај вреди да се напомене и за подготвената понуда на калчолигашот Милан кој гради нов тим по преземањето на сопствеништвото на клубот од страна на богатите газди од Кина.

Тимот од Милано го нуди Џиџи Донарума, младиот и суперталентиран голман кој се одлучи да не го продолжи договорот со клубот кој истекува идното лето. Токму во Донарума, Реал Мадрид гледа неколкугодишно решение, останува отворено прашањето колку оваа варијанта е возможна.

 

Извор/Фото: as.com