24фудбал

Рајола со нов напад за „кинескиот“ Милан, еве зошто Ибра не се вратил на Сан Сиро

Мино Рајола одново го нападна новото раководство на „Росонерите“, вели дека Златан Ибрахимовиќ веќе ќе бил вратен на Сан Сиро ако Адриано Галијани бил на чело на клубот

Италија

Контроверзниот агент е во војна со новиот спортски директор Масимо Мирабели, како и новиот прв човек на Милан, Марко Фасоне откако Џиџо Донарума одби да потпише нов договор.

Мино Рајола сега одново го нападна „кинескиот“ Милан и истакан дека Златан Ибрахимовиќ веќе ќе бил вратен на Сан Сиро доколку Адриано Галијани уште бил на чело на клубот.

„На адреса на Ибра пристигнаа огромен број понуди, од САД и други земји“ – вели Рајола во разговор со Газета дело Спорт.

„Дали би можел да се врати во Италија? Дефинитивно нема да се пресели во Наполи.

„Милан ме нема прашано за Ибра. Да беше Галијани главен, Ибра веќе ќе беше вратен на Сан Сиро...

Златан Ибрахимовиќ, кој се опоравува од тешка повреда на коленото, во моментов е слободен агент откако Манчестер јунајтед не му го продолжи договорот.

Изминатиов период во неколку наврати се појавија гласини за негово враќање во Милан како еден од условите за Џиџо Донарума да стави потпис на нов договор.