24фудбал

Tреневски: Го посакувавме Тре Пене, но нема да се опуштиме

Тренерот на Работнички, Виктор Треневски е задоволен од денешната ждрепка во Нион, вели дека добиле противник по мерка, но нагласува дека сериозно ќе му пристапат на двомечот

Македонија

„Романтичарите“ беа помеѓу носителите во својата група, па поминаа најдобро од сите македонски преставници на денешната ждрепка во Нион.

Работнички за противник во првото коло од квалификациите за Лига Европа го доби Тре Пене, екипа од Сан Марино, па клубот од Дебар Маало е задоволен од ждрепката.

„Тре Пене беше еден од посакуваните противници“ - вели тренерот на Работнички, Виктор Треневски.

„Но тоа не значи дека не очекуваат супер-лесни натпревари. Ќе се подготвиме сериозно, и секако дека сме фаворити“.

„Но добро ќе им напоменам на фудбалерите. Во првенството ние најмногу се мачевме на тие условно „полесни“ натпревари“.