24фудбал

(ФОТО) Тешко се одвикнува од лошата навика, додека чека вести за трансфер во Барса, Верати уловен со цигара во рака

Марко Верати е на одмор во Ибица, и додека чека вести за трансферот на Камп Ноу, медиумите одново го уловија Италијанецот со цигара во рака

Франција

Марко Верати треба да биде големото засилување за „Каталонците“ ова лето, играчот дури е подготвен да штарјкува и нема намера да се врати во Париз за подготовките за новата сезона.

И додека двата клуба се обидуваат да пронајдат заеднички јазик, Марко Верати се одмара на Ибица.

На шпанскиот остров познат по лудите забави, медиумите успеаја одново да го уловат Италијанецот со цигара во рака, па очигледно репрезентативецот на „Аѕурите“ тешко се одвикнува од лошата навика.