24фудбал

Конте добива нови фудбалери, за 100 милиони фунти пристигнуваат две засилувања

Челси е на чекор до ангажман на двајца нови играчи, Шампионот на Англија ќе потроши околу 100 милиони фунти за Тимуе Бакајоко од Монако и Вирџил ван Дијк од Саутемптон

Англија

Минатата недела имаше гласини за конфликт помеѓу Антонио Конте и лидерите на Челси поради слаба активност на трансфер пазарот.

Челси се уште нема донесено ниту едно засилување, и менаџерот на „Сините“ бил бесен на тоа што управата не сака да го одврзе ќесето.

Антонио Конте сепак наскоро ќе ги добие првите засилувања за новата сезона.

Според пишувањата на Тајмс, Челси постигнал договор со Монако за трансфер на Тимуе Бакајоко.

Фудбалерот од средниот ред ќе пристигне на Стемфорд Бриџ во трансфер вреден 36 милиони фунти плус бонуси, и вo скоро време зделката ќе биде официјално потврдена.

Шампионот на Англија исто така е на чекор до ангажман на Вирџил ван Дијк од Саутемптон.

Добро информираниот новинар, Џанлука Ди Марцио пренесува дека за Холанѓанецот „Сините“ ќе платат рекордни 60 милиони фунти.