24фудбал

Невнимание во одбраната: Португалија за момент ги руши нашите надежи за поволен исход од мечот (ВИДЕО)

Португалија води со 3-1 против Македонија по едно мало невнимание на нашата дефанзивна линија во оваа ситуација.

Македонија

Македонија со голот на Енис Барди во 41. минута донесе мала надеж за поволен исход против силната Португалија која игра одлично против нашата селекција во третото и последно коло од групата „Б“ на Европското првенство во Полска за фудбалери до 21 година.

Поденсе во 57. минута за момент ни ги расипа нашите надежи дека ќе успееме да освоиме поволен резултат од мечот во Гдиња.


По ова, Милевски се реши на местото на Ангелов од клупата шанса да му даде на Елмас.


Фото-вест: uefa.com