24фудбал

Тохир најавува: Интер следната сезона ќе избори место во Лигата на шампионите

Сопственикот на италијанскиот калчолигаш најавува успех во новата сезона, целта е пласман во Лигата на шампионите.

Италија

Интер забележа слабо издание во изминатата сезона, не само што не успеа да избори излез во Европа, туку и заврши на седмото место на табелата во Серија А со освоени 62 бода, дури осум зад Лацио на петтото место кое води во Европа Лигата, односно цели 29 бода зад лидерот и шампион Јувентус.

Сепак, сопственикот на тимот од Милано, Ерик Тохир во интервју за медиуми од Сингапур, говореше за целта на Интер за следната сезона.

Интер е еден од најдобрите клубови во светот, мораме да избориме место во Лигата на шампионите, компанијата (Сунинг) има нескриени амбиции да го зголеми квалитетот на тимот, мораме да ја оствариме целта поради која што сме во клубот што е можно побрзо. Идејата ни е да инвестираме во инфраструктурата, истовремено од клубот да изградиме голем бренд, не само да вложуваме во фудбалери“ вели Тохир кој како пример во успешноста на азиските газди го наведува англискиот премиерлигаш Лестер.