24фудбал

Полуфинале за Италија и Германија, Словачка извиси (ВИДЕО)

Италија и Германија се последните патници во полуфиналето на Европското првенство до 21 година, тие им се приклучуваат на Шпанија и Англија.

Останато

Италија ја победи Германија со 1-0, а Чешка загуби од Данска со 4-2, ваквиот развој на настаните ја елиминира Словачка која беше во многу поволна ситуација пред денешните средби.

Италија со гол на Бернардески во 31. минута ја победи Германија и како првопласирана се пласира во полуфиналето на Европското првенство поради подобриот меѓусебен дуел со Германците.

Германија како најдобра второпласирана оди меѓу четирите најдобри, тие имаат гол разлика 5-1, Словачка со 6-3 заминува дома.

На Чешка и требаше победа од три гола разлика над Данска која немаше ниту еден бод пред последното коло. Чесите напаѓаа, а Данска од контра напади им ја полнеше мрежата.

Андерсен во 23. минута донесе водство за Данска, но четири минути подоцна Шик го изедначи резултатот на 1-1, сепак набрзо Зохоре носи нова предност на Данците, со тој резултат се замина на одморот.

И второто полувреме Данска го доби со 2-1. Но најпрво Чешка преку Чори израмни на 2-2, а потоа Захоре со својот втор гол и Ингвартсен во последните ги поставија конечните 4-2.

Во полуфиналето ќе играат Италија против Шпанија, Англија против Германија.