24фудбал

Милан го завршува трансфер пазарот со звучно име во нападот, пристигнува еден од овие тројца играчи

Првиот човек на „Росонерите“, Марко Фасоне потврди дека се обидуваат да ангажираат голгетер од светска класа и желба е еден од Андреа Белоти, Алваро Мората и Пјер Емерик Обамејанг

Италија

Милан е главeн играч на трансфер пазарот до овој момент, клубот од Сан Сиро потроши преку 200 милиони евра на девет засилувања.

Леонардо Бонучи веројатно е трансферот на сезоната, но „Росонерите“ нема да се задоволат со ова, и сакаат да донесат звучно име во нападот.

Желби се Андреа Белоти од Торино, Алваро Мората од Реал Мадрид и Пјер Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд.

„Би било убаво доколку пристигне еден од Белоти, Мората и Обамејанг. Ќе видиме на кого ќе падне изборот“ - вели првиот човек на клубот, Марко Фасоне.

„Исто така на листата со желби има и имиња кои се уште не се нашле на насловните страни“.

„Јасно е дека се уште се обидуваме да го засилиме нападот со звучно име“.

Неколку весници од Италија денеска објавија дека Андреа Белоти од Торино е прва цел.

Популарниот „Петел“ веќе дал зелено светло за преселба на Сан Сиро, и Милан сега треба да се договори со Торино.

Првата понуда на „Росонерите“ била 40 милиони евра плус Габриел Палета и Мбаје Нианг, како и две годишна позајмица на талентираниот Мануел Локатели.