24фудбал

Лукаку го постигна првиот гол за Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед во пријателски меч со 2-1 го совлада Риал Солт Лејк а победничкиот гол беше дело на Ромелу Лукаку.

Англија

Манчестер јунајтед го одигра и вториот пријателски натпревар, забележа уште една победа, а на овој меч Ромелу Лукаку го постигна својот деби гол.

Рал Солт Лејк поведе по 23 минути игра со гол на Силва, но само шест минути подоцна по една убава акција со Лукаку и Лингард, Мхитарјан постигна погодок за изедначување на 1-1.

Во 38. минута Лукаку реализираше за комплетен пресврт и победа од 2-1.

Не беше се позитивно за Манчестер јунајтед на овој меч, Мата го напушти натпреварот поради повреда, а Валенсија доби црвен картон.