24фудбал

Малме поведе од пенал на реваншот во Струмица, вардаровите навивачи скандираа „УЕФА мафија...“ (ВИДЕО)

Шведскиот првак поведе со 1-0 на реванш мечот против Вардар во Струмица, откако во првиот дуел во Малме мечот заврши нерешено со резултат 1-1.

Македонија

Вардаровиот голман Гачевски направи прекршок врз Бергет со што заработи жолт картон во 15. минута а Малме доби прилика од пенал да поведе во Струмица.

Минута подоцна сигурен реализатор од белата точка беше Розенберг кој му донесе мошне важно водство на својот тим.

Главен арбитар на мечот кој се игра на стадионот „Младост“ е Украинецот Анатоли Жабченко, токму тој го привлече гневот кај вардаровите фанови кои по неговата одлука за пенал за гостинскиот тим почнаа да скандираат „УЕФА мафија...“.

Ситуацијата во Струмица по украинскиот арбитар кулминираше и по благата казна која ја доби Брорсон, кој во 18. минута направи прекршок над Балотели кој можеше да биде санкциониран и со директен црвен картон.

Беше тоа изгледна прилика за нашиот шампион кој од контра можеше сериозно да го загрози голот на противникот.