24фудбал

Вардар - Копенхаген идниот вторник во Скопје!

УЕФА му дозволи на Вардар да биде домаќин националната „Телеком Арена“, но првиот натпревар наместо во Копенхаген ќе се одигра во Скопје.

Македонија

Првичниот став на УЕФА беше дека нема да има натпревари на „Телеком Арената“ до одржување на Суперкупот, но бидејќи нема друг стадион во Македонија кој ги исполнува условите за натпревари од третото квалификациско коло, Вардар доби дозвола да игра на својот терен.

Според ждрепката Вардар реваншот требаше да го игра на свој терен, но поради одлуката да се игра во Скопје, „црвено-црните“ ќе бидат домаќини на првиот меч со цел да има простор од повеќе денови до почетокот на Суперкупот.

Повеќе за оваа информација можете да прочитате на „Спорт1“, на следниот ЛИНК.