24фудбал

Трајчевски промаши зицер, Динамо Минск казни: „Романтичарите“ губат во Белорусија (ВИДЕО)

Работнички лесно можеше прв до водство на „Трактор“ арената во Минск, но непишаното фудбалско правило беше кобно за нашиот претставник.

Македонија

Работнички има негатива на реванш дуелот против Динамо Минск, откако во првиот меч во Скопје двете екипи ремизираа со резултат 1-1.

Ако се земе во предвид дека нашиот претставник мора да постигне гол на гостувањето во Минск, почетната фаза на мечот минува мошне динамично, но првата шанса ја имаа домаќините во 17. минута, Нојок од огромна далечина упати добар удар, но истиот беше за малку непрецизен.

Минута подоцна Работнички можеше да ја реализира првичната цел по која отиде на гостувањето во Белорусија, капитенот Трајчевски изби сам очи во очи со противничкиот голман, но беше неговиот удар беше крајно непрецизен.

Пуна бе Дуле...“ беше кусиот коментар од клупата на нашиот претставник по оваа реакција на фудбалерот на Работнички.

Домаќините веднаш возвратија и ја казнија сто процентната прилика на Работнички преку Нојок во 21. минута.