24фудбал

Вардар ги пушти билетите во продажба за дуелот со ФК Копенхаген

Вардар ги пушти картите во продажба за дуелот со Копенхаген но „Телеком Арената“ нема да биде во полн капацитет, македонскиот шампион доби пет блока од јужна и два од западна, на располагање има околу 10,000 влезници.

Македонија

Поради завршното „шминкање“ на стадионот пред УЕФА Суперкупот кој ќе се одигра на 8. август, Вардар нема да може да ги користи сите трибини на „Телеком Арената“.

Македонскиот шампион ги пушти влезниците во продажба по цена од 300 денари. Карти ќе има за пет блока од јужната трибина и два блока од запад.

По успехот на Вардар и пласманот во третото квалификациско коло, интересот за натпреварот е огромен и се очекува картите брзо да се распродадат.

Тие стандардно се пуштени преку продажната мрежа на „Тикет плус“.

Натпреварот помеѓу Вардар и Копнхаген се игра во вторник со почеток од 20 часот.