24фудбал

И Роналдо се вмешал во рекордниот трансфер на Нејмар во ПСЖ, ЦР7 имал совет за Бразилецот

Медиумите од Шпанија пренесуваат неверојатна сторија, првата ѕвезда на Реал, Кристијано Роналдо го советувал Нејмар за идниот потег во кариерата

Шпанија

ПСЖ е подготвен да го реализира најголемиот трансфер во историјата и да ја активира откупната клаузула на Нејмар вредна 222 милиони евра.

Бразилецот секој ден е дел од трансфер шпекулациите и до сега се појавија голем број на информации за неговата иднина.

Медиумите од Шпанија сега го вмешаа и Кристијано Роналдо во целата сторија, наводно ЦР7 разговарал со Бразилецот околлу трансферот во Париз.

Двајцата се заштитно лице на Најк, па Диарио Гол вели дека ЦР7 му дал совет на Нејмар, а комуникацијата се одвивала преку популарната апликација WhatsApp.

Португалецот му порачал на Нејмар дека преселба во ПСЖ е чекор наназад и подобро му е да остане во Барселона.

Доколку Бразилецот толку многу сака да замине од Камп Ноу, Роналдо го советувал да направи трансфер во Манчестер јунајтед.