24фудбал

Мурињо: Реал можеше да го купи Де Геа, решија дека не им треба

Жозе Мурињо открива дека во еден период од преодниот рок Де Геа можел да замине во Реал Мадрид, тоа не се случило и голманот сигурно останува во Манчестер јунајтед.

Англија

Мурињо потврди дека Де Геа со сигурност останува во Манчестер јунајтед и следната сезона, тој е среќен на Олд Трафорд.

Но, Португалецот откри дека имало шанса голманот да замине во Реал Мадрид, кралскиот клуб не доставил понуда.

„Тој е многу искрено момче. Долго време беше контактиран од нив. Клубот најпрво не сакаше да го купи, па потоа ја отвори вратата за негово заминување бидејќи кога некој играч сака да замине, не сакам да го сопрам од причина што во такво расположение не го добивате она што го очекувате од него“ - вели Мурињо.

„Па во еден период можеше да замине, но Реал Мадрид се откажа, сега тој се чувствува многу добро тука. Среќен сум поради тоа, 100% останува со нас“.