24фудбал

Јуве со проверена формула, го купи Бернардески на три рати

„Бјанконерите“ стигнаа до еден од најперспективните фудбалери во Италија, Јувентус го купи Федерико Бернардески од Фиорентина за 40 милиони евра

Италија

По долги преговори, Јувентус успеа да стигне до услугите на еден од најтелентираните играчи во Калчото

Фиорентина со месеци одбиваше да преговара со лутиот ривал, но откако играчот изрази желба да се пресели во Торино, „Виолетовите“ немаа избор.

Минатата недела двата клуба си подадоа рака, па играчот денеска ги помина редовните лекарски прегледи и стави потпис на пет годишен договор.

„Федерико Бернардески официјално е фудбалер на Јувентус, играчот стави потпис на пет годишен договор и се обврза до 2022“ – гласеше известувањето.

За ангажманот на офанзивниот фудбалер, „Бјанконерите“ ја употребија добро познатата фурмула.

Сумата од 40 милиони евра ќе биде платена на три рати. Фиорентина исто така ќе добие и 10% од следната продажба, но таа бројка нема да биде поголема од 5 милиони евра.