24фудбал

Камерите уловија интересен момент, Мурињо му кажа на Бејл зошто не го купил (ВИДЕО)

Жозе Мурињо беше уловен во интересен разговор со Герет Бејл, менаџерот на Манчестер јунајтед му кажа на Велшанецот дека не го купил бидејќи јавно не побарал трансфер на Олд Трафорд

Англија

Манчестер јунајтед и Реал Мадрид вчера ги одмерија силите во САД, а пред почеткот на средбата, камерите го уловија Жозе Мурињо во разговор со Герет Бејл.

Португалецот се изгушка со Велшанецот во тунелот и му кажа: „Не можам да те купам бидејќи не зборуваш“.

Герет Бејл е желба на „Црвените Ѓаволи“ уште кога беше дел од Тотенхем.

Исто како и во минатото, и ова лето имаше гласини за негов можен трансфер на Олд Трафорд.