24фудбал

Пике ги пецна ПСЖ и Лиг 1: Му кажав на Нејмар да не оди во помало првенство

Жерард Пике упати ситна провокација до ПСЖ и првенството на Франција, вели дека евентуалната преселба на Нејмар во Париз ќе значи настап во помала лига

Шпанија

Жерард Пике во САД се појави на прес конференција и неизбежни беа прашањата за иднината на Нејмар особено откако дефанзивецот пред неколку дена на социјалните мрежи постираше слика од него и Брзилецот и напиша „останува“.

„Тоа беше лично мислење, не е официјало“ - вели дефанзивецот.

„Нејмар е тој кој на крајот ќе каже дали останува или не“.

„Чуствувам дека сака да остане, имам некоја интуиција па затоа го објавив постот“.

Се говори дека ѕвездите на Барса го убедувале Нејмар да остане на Камп Ноу, па Жерард Пике беше запрашан што му кажал на напаѓачот.

„Како соиграч и пријател, се обидов да му објаснам во каква ситуација е“.

„Сосема нормално е тоа што треба добро да размисли, има 25 години и уникатен талент. Има опции на маса“.

„Убеден сум дека не е за пари, веројатно е поради проектот кој му е презениран, но мислам дека тоа не е најамбициозниот“.

„Во прашање е и улогата во тимот, го разбирам ако сака да отиде во друг тим и да биде лидер, во Барселона тој игра покрај најдобриот на сите времиња, Лео Меси“.

„Имам голема почит за ПСЖ и Лиг 1, но му кажав на Нејмар да не оди во Париз, бидејќи се сели во помало првенство“.

„Му кажав „Во Франција, никогаш нема да бидеш најдобар фудбалер во светот освен доколку не триумфираш во Лигата на шампионите“. Го прашав, „Можеш ли да го сториш тоа?“. Му кажав да не оди во првенство како Франција, каде главна е само Лигата на шампионите“.